Дома Фудбал Англија Фото: Гомез заврши со гребнатини по лицито после судирот со Стерлинг

Фото: Гомез заврши со гребнатини по лицито после судирот со Стерлинг

На тренингот на англиската репрезентација пред квалификацискиот натпревар против Црна Гора се случи мал скандал.

Откако Џо Гомез и Рахим Стерлинг се судрија на дербито помеѓу Ливерпул и Сити, клупското ривалство го пренесоа и во репрезентацијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Дејли Мејл пренесува дека поголем судир бил спречен благодарение на реакцијата на останатите соиграчи, а за тоа дека не поминало така лесно, може да се види по гребнатините на лицето на Гомез, што не остана незабележано од фоторепортерите.

После овој скандал англискиот слектор одлучи да го суспендира Стерлинг од репрезентацијата, кој подоцна самиот испрати извинување до соиграчот на Инстаграм.

Натпреварот против Црна Гора за Англија ќе биде 1000. натпревар, па така Стерлинг ќе ја пропушти приликата да биде дел од екипата која ќе остане запишана во историјата на англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…