Дома Фудбал Германија „Бомба“ од Германија: Гвардиола може да се врати во Баерн

„Бомба“ од Германија: Гвардиола може да се врати во Баерн

Германските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Пеп Гвардиола би можел да се врати во Баерн Минхен.

Пред повеќе од една недела Нико Ковач доби отказ од Баерн минхен и од тој момент Баварците бараат негова замена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се споменуваа голем број тренери, меѓу кои и Арсен Венгер и Жозе Мурињо, како и Масимилијано Алегри и Томас Тухел, а сега дојде редот и можеби на најголемото име кое се поврзува со Баерн.

Германските медиуми пишуваат дека постои можност да се врати Пеп Гвардиола во Минхен, а тие шпекулации се појавија по поразот на Манчестер Сити од Ливерпул со 1-3 на „Енфилд“.

Наводно Гвардиола размислува на крајот на сезоната да го напушти Манчестер Сити и е отворен за враќање на „Алијанц Арената“.

Сепак, ова е малку веројатно со оглед на фактот што Каталонецот има договор со „граѓаните“ до 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еден од најдобрите фудбалери си заминува од Шкендија!?

Шкендија, актуелниот македонски шампион, се соочува со можноста да остане без еден од свои…