Дома Фудбал Италија Капело „удри“ по Роналдо: Нема издриблано играч три години!

Капело „удри“ по Роналдо: Нема издриблано играч три години!

Легендарниот италијански стратег, Фабио Капело го заштити својот колега Маурицио Сари за одлуката да го извади Роналдо од игра во дербито против Милан.

Сари во 54-тата минута се одлучи на еден изненадувачки потег – го замени Роналдо. На местото на Португалецот Сари во игра го стави Паоло Дибала кој подоцна и го реши натпреварот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо веројатно и самиот не памети кога последен пат бил заменет во таа фаза (без самиот да побара). Измената секако не му се допадна, а тоа го покажа и пред камерите.

„Роналдо не играше добро, Сари го замени и со тој потег го доби натпреварот. Сепак, ме загрижува односот на Кристијано, фактот дека не седна на клупата, ниту се поздрави со тренерот, тоа е лоша слика за тимот, нешто што ја нарушува атмосферата. Ако си голем шампион, ќе се однесуваш како таков и кога не ти оди најдобро“, истакна Капело.

„Вистината е дека Роналдо нема издриблано противнички фудбалер веќе три години. Тоа веќе не се случува, додека ги гледаме Даглас Коста и Дибала како играат за себе и за тимот, креираат шанси. Ако јас бев Сари, ќе го оставев уште на полувреме“,додаде италијанскиот стартег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…