Дома Фудбал Италија Пјаниќ им испрати порака на оние кои мислат дека Јувентус „случајно“ победува

Пјаниќ им испрати порака на оние кои мислат дека Јувентус „случајно“ победува

Јувентус синоќа стигна до победа против Милан со голот на Дибала во 77-та минута од мечот.

Јувентус не играше добро, не успеваше да создаде шанси, но на крајот сепак ги освои трите бода, а Миралем Пјаниќ вели дека тоа не е случајно.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ова за Босанецот беше 150-ти натпревар откако стигна во Јувентус на лето во 2016 година. Никој до сега во ростерот на Јувентус нема одиграно толку натпревари во последните три години.

Пјаниќ после победата сподели нов пост на Инстаграм и изјави дека Јувентус едноставно има менталитет како да дојде до победа и покрај тоа што не пружа партии какви што се очекуваат од него.

„Да знаете да победите во финишот никогаш не е случајно, тоа е одраз на квалитетот на тимот. Мило ми е што го носам овој дрес по 150. пат во својата кариера во Јувентус“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …