Дома Фудбал Италија Сардинија не памети вакво нешто: Каљари игра атмонски фудбал (видео)

Сардинија не памети вакво нешто: Каљари игра атмонски фудбал (видео)

Тимот на Каљари продолжува со фантастичните партии и денес до врв ја наполни мрежата на Фиорентина (5:2).

Каљари дефинитивно е најпријатното изненадување оваа сезона во Серија А и со денешната победа се искачи на третото место на табелата, во исчекување на останатите резултати.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Серијата голови на Сардинија ја отвори Рог во 17-та минута, а до крајот на полувремето погодија уште Писакане и Симеоне за Каљари.

Домаќините не застанаа тука и до 65-та минута веќе имаа предност од 5:0 со головите на Жоао Педро и Наинголан (кој запиша и три асистенции) во второто полувреме.

Во последните петнаесет минути Фиорентина постигна два гола преку Влаховиќ и го ублажи поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го потврди новиот договор на Шчесни

Голманот на Барселона Војчех Шчесни официјално потпиша нов договор, објавија од клубот. Но…