Арсенал вчера запиша уште еден пораз и ја продлабочи кризата, па медиумите тврдат дека тренерот Унаи Емери се наоѓа пред отказ.
Арсенал го забележа својот најслаб старт во Англија од сезоната 1982/83, па раководството сериозно размислува за тренерска смена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, медиумите на Островот пренесуваат дека „топџиите“ започнале преговори со Луис Енрике.
Поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор е надвор од фудбалот после семејната трагедија, кога почина неговата ќерка, но сака да се врати на работа.
Уште после заминувањето од Барселона, амбиција му е да работи во Премиерлига и наводно е блиску до договор со Арсенал.