Дома Трансфер зона Ливерпул на лето ќе мора да го продаде Салах?!

Ливерпул на лето ќе мора да го продаде Салах?!

Oд Англија пристигнуваат информации дека Ливерпул на лето ќе се обиде да ги промени работите во нападот и дека тензиите помеѓу Клоп и Салах ќе резултираат со продажба на Египќанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Салах не игра на нивото од претходните сезони, но и со ваква игра постигнува голови, но имаше проблем со Мане, а во медиумите се пишуваше и дека имал конфликт со Клоп поради несогласувањата на тактички план. Многумина веруваат дека Салах ги одиграл најдобрите денови во Ливерпул.

Веднаш се појави Реал како решение, Салах наводно не би имал ништо против, меѓутоа тоа нема да биде лесно. Ливерпул Салах би можел да го замени со Мбапе кој веќе подолго време се поврзува со „кралевите“. Станува јасно дека ако Мбапе не го продолжи договорот со ПСЖ ќе биде ставен на продажба.

Останува да видиме како работите ќе се одвиваат, меѓутоа сега изгледа дека Мбапе ќе биде приоритет и за Англичаните и за Шпанците, додека Салах би почекал за да се види како работите ќе се одвиваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…