Дома Фудбал Англија Крај на шпекулациите – познато е кој ќе го води Арсенал следната сезона!

Крај на шпекулациите – познато е кој ќе го води Арсенал следната сезона!

Менаџерот со најдолг стаж во Премиер лигата, Арсен Венгер најави дека ќе остане на кормилото на Арсенал и следната сезона.

И покрај предвидувањата дека ќе ги напушти „топџиите“, 67-годишниот стратег одлучи да остане уште најмалку една година на „Емирати“, тврдат британските медиуми.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Венгер веќе цели 21 години го води Арсенал и три пати беше шампион на Англија, но последната титула во Премиер лигата ја освои пред 13 години, точно во 2004 година. На крајот на оваа сезона му истекува договорот и медиумите предводуваа дека конечно дојде времето да го напушти клубот.

Меѓутоа, Венгер на клупската управа веќе и испратил список со потенцијални засилувања за следната сезона. Францускиот тренер сака во својот тим да ги доведе Ријад Марез од Лестер и стоперот на Мидлсборо Бен Гибсон, а нивните трансфери би чинеле околу 65 милиони евра.

Наводно, покрај овие двајца Венгер сака да доведе и напаѓач, лев бек и голман со цел повторно да се обиде следната сезона да ја освои Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хрватите пред голем предизвик: Како да се додели трофејот на шампионот, една опција е со хеликоптер

Ријека, Динамо и Хајдук се наоѓаат во последната рунда од хрватскиот првенство и секој од …