Дома Фудбал Англија Дали Покетино може да одолее на оваа понуда?

Дали Покетино може да одолее на оваа понуда?

Интер веќе со години бележи слаби резултати, тренерите се менуваат како на лента, а незадоволството на навивачите е се поголемо.

Италијанскиот гигант во текот на летната пауза повторно ќе направи значајни резови во тимот, а прва задажа на раководството на клубот е ангажирање на тренер кој ќе може да ги врати „нероаѕурите“ на врвот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Интер после неуспешните преговори со Антонио Конте и Диего Симеоне, со сите сили ќе се насочи кон анктуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Интер наводно на 45-годишниот Аргнетинец е спремен да му понуди 10 милиони евра по сезона, а истиот извор тврди дека новиот спортски директор Валтер Сабатини пред неколку месеци имал средба со Покетино во Лоднон.

Доколку Покетино одлучи да се пресели во Италија, тогаш „нероаѕурите“ ќе мораат да му платат на Тотенхем обештетување од 5 милиони евра, колку што му е годишната плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете од каде стоперот на Англија ја извади топката по неверојатната грешка на Пикфорд

ГРЦИЈА ја победи Англија со 1:2 на „Вембли“ и на тој начин предизвика големо изненадување …