Во Глазгов, Ренџерс е домаќин на Порто во еден од поинтересните натпревари од 4-то коло во Лигата на Европа. Порто е фаворит, но тие и на домашен терен се спасуваа против разиграниот Ренџерс, па сега ќе мора да бидат многу подобри доколку сакаат бодови од Шкотска.
Ренџерс можеше до победа и на Драгао
Во Ренџерс се надеваат дека ќе ја искористат предноста на домашен терен против уште еден гигант на европскиот фудбал, Порто. Шкотланѓаните минатото коло отидоа како големи аутсајдери на Естадио до Драгао во Порто, но одиграа одличен меч и освоија бод во ремито 1:1. Тие беа доволно добри, беа доволно организирани и доволно храбри под водство на перспективниот млад менаџер Стивен Џерард за да слават победа, но на крајот се задоволија и со реми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Порто го започна подобро мечот и поведе со голот на Луис Диаз во 36-та минута. По тој гол, се чинеше дека Порто лесно ќе ја заврши својата работа но Ренџерс со голот на Морелос израмни пред самиот крај на првиот дел. Во второто полувреме, како на терен да истрча друг тим. Ренџерс беше подобар, нападна и создаде неколку добри шанси за гол, но на крајот испадна дека токму нерешениот резултат е најреален.
Џерард знае што прави
Под водство на Џерард, екипата од Глазгов се враќа на своите славни патеки. Конечно тие се голем конкурент на Селтик во Шкотска и имаат ист број на бодови на првите две позиции. Во Европа пак се наоѓаат на второто место со ист број на бодови како и третиот Порто, но со подобра гол разлика. Освен тоа, Ренџерс одигра два меча на гости ) пораз од Јанг Бојс со 2:1 и реми кај Порто со 1:1 ). На единствениот меч на домашен терен славеа над Феенорд со 1:0. Порто пак одигра веќе два меча дома и затоа овој дуел е од голема важност за нив. Доколку Ренџерс освои три бода, значително ќе ги зголеми шансите за пласман во следната фаза и покрај тоа што во групата многу нешта се израмнети. Џерард вели дека кога неговата екипа можела да слави во Портгалија, нема зошто да нападне во Шкотска, каде се очекува една френетична атмосфера на Иброх стадионот во Глазгов.
Порто мора да се подобри ако сака во следната фаза
Порто тргна кон Глазгов знаејќи дека мора да одиграат подобро отколку на нивниот прв мешусебен меч доколку сакаат да ги исполнат очекувањата и да го совлада Ренџерс. Не само што загубија два драгоцени и планирани бодови, туку беа принудени и да внимаваат бидејќи нивните противници уживаа во мечот. Не многу екипи можат да го направат тоа на Драгао. Но на Порто и како да не му се игра во Лигата на Еврпопа. Тие сите натпревари досега ги одиграа со најдобрите фудбалери, но без елан, без желба. Испаѓањето во квалификациите за Лигата на Шампиони си остави трага. Од друга страна во Португалија играат одлично. По 10 меча заостануваат со два бода во однос на лидерот Бенфика но и таму се фаворити за шампионскиот трофеј.
Наш предлог:
Двете екипи да постигнат гол @ 1.67 во Bet365