Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Во Мадрид се роди нова ѕвезда, „луд“ меч во Загреб

Видео: Во Мадрид се роди нова ѕвезда, „луд“ меч во Загреб

Вечерашните натпревари во Лигата на шампиони поминаа во знакот на високата победа над Реал Мадрид над Галатсарај (6:0) и хет-трикот на младиот Родриго.

На „Сантиаго Бернабеу“ вечерва се роди нова ѕвезда – 18 годишниот Родриго влезе во историјата на ЛШ со постигнатите три гола.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На самиот старт од 4-та до 7-та минута Родриго постигна два гола, потоа Рамос зголеми на 3:0 од пенал, па следуваа два гола на Бензема и точка на натпреварот стави Родриго, кој го комплетираше хет-трикот и стана најмладиот Бразилец кој постигнал гол во историјата на Лигата на шампионите.

Во истата група ПСЖ со минимални 1:0 со голот на Мауро Икарди го совлада Бриж.

На „Максимир“ Динамо и Шахтјор одиграа „луд“ натпревар, а домаќините имаат за што да жалат бидејќи во последните минути испуштија два гола предност. Динамо водеше со 3:1 до судиското продолжение, гол постигна и нашиот репрезентативец Адеми, а потоа следуваа два гола на Украинците во 93-та и 97-та минута.

Во истата група Аталанта и Манчестер Сити одиграа реми 1:1, поведоа гостите преку Стерлинг, израмни италијанскиот тим преку Пашалиќ.

Атлетико Мадрид загуби на гостувањето кај Леверкузен со 2:1, а Тотенхем до врв ја наполни мрежата на Црвена Звезда и победи со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …