Дома Топ вести (Фото) Нејмар ја претстави новата тетоважа

(Фото) Нејмар ја претстави новата тетоважа

Бразилецот Нејмар синоќа ја доведе Барселона до побеад над Лас Палмас.

Каталонците славеа со 4:1, а покрај хет-трикот, одличниот напаѓач му асистираше на Луис Суарез за гол.

На овој натпревар Нејмар ја претстави и новата тетоважа. Голот го прослави бакнувајќи го мускулот каде што стоеше новата тетоважа, а на раката му е нацртан ликот на неговата мајка.

Нејмар со овој потег и со тоа што носеше розови копачки им го честита Денот на мајката на својата мајка. Бразилскиот фудбалер на своето тело има голем број на тетоважи. Покрај ликот на неговата мајка, тука е и ликот на неговата сестра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кејн блесна против Арсенал, но жали: Имавме шанси да го решиме мечот

Гол и асистенција на Хари Кејн не беа доволни за победа на Баерн. Деклан Рајс во 82. минут…