Дома Фудбал Останато Избран новиот домаќин за финалето во Копа Либертадорес

Избран новиот домаќин за финалето во Копа Либертадорес

Финалето на овогодинешното издание на Копа Либертадорес нема да се игра во Сантијаго како што првобитно беше планирано.

Поради нестабилната ситуација во Чиле, КОНМЕБОЛ одлучи да го промени домаќинот и финалето ќе се игра во престолнината на Перу, Лима.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сите оние кои купиле влезници за натпреварот во Сантијаго парите ќе си ги добијат назад, додека во следните 72 часа ќе започне продажба на влезниците од страна на новиот домаќин. Капацитетот на стадионот на кој ќе се игра финалето изнесува 80.000.

Во финалето како што е познато силите ќе ги одмерат бранителот на титулата Ривер Плата и бразилски Фламенго. Натпреварот е закажан за на 23-ти ноември.

Од оваа година за разлика од минатите во финалето е одлучено да се игра еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И Романо потврди: Манчестер јунајтед се враќа по фудбалерот за кој летово нудеше 120 милиони евра!

Манчестер Јунајтед ги подготвува плановите за потпис од Карлос Балеба. Како што веќе беше …