Дома Фудбал Го навредуваше Балотели, па доби забрана за влез на стадион до 2030 година!

Го навредуваше Балотели, па доби забрана за влез на стадион до 2030 година!

Мечот меѓу Верона и Бреша беше во центарот на вниманието откако домашните навивачи расистички го навредуваа Марио Балотели, па овој сакаше демонстративно да го напушти теренот.

Неколку десетици локални навивачи отворено го навредуваа Марио Балотели со имитирање на крик на мајмун.

Водачот на навивачката група на Верона Лука Кастелини после мечот додатно го навреди Балотели, па денес доби жестока казна.

Имено, Кастелини доби 11-годишна забрана за одење на стадионот „Марк’Антонио Бентегоди“ и тоа од сопствениот клуб.

Клубот неговите ставови ги објасни како „целосно спротивни на етичките принципи на нашиот клуб“ притоа забранувајќи му да се појавува на домашните натпревари до 30 јуни 2030 година.

Навивачката група „Курва Суд“ негодува за суспензијата на водачот, па се закани дека нема да присуствува на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…