Фаворитот за клупата на Баерн Минхен, Ерик тен Хаг беше категоричен дека нема да го напушти Ајакс на среде сезона за да се пресели на „Алијанц Арена“.
Тоа готово сигурно значи дека Баварците ќе бараат друг тренер бидејќи нема да можат да го чекаат Тен Хаг до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во овој момент единствено размислувам само на дуелот против Челзи во Лигата на шампионите. Навистина горд сум што моето име се споменува, но нема да го напуштам Ајакс среде сезона. Затоа не сакам да зборувам на тоа прашање, јас сум максимално фокусиран само на Ајакс“, рече Тен Хаг.
Тен Хаг и оваа сезона одлично го води Ајакс, тимот е лидер во холандската лига и има добри резултати во Лигата на шампиони.