Дома Останати Петта мадридска мастерс титула за Надал

Петта мадридска мастерс титула за Надал

Рафаел Надал е победник на Мастерс турнирот во Мадрид. Шпанецот во финалето, кое траеше два часа и 19 минути, го победи Австриецот Доминик Тим со 7:6, 6:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рафаел Надал во Мадрид ја освои петтата титула на овој турнир, со што стигна до бројката од 30 титули на турнирите од МАстерс серијата и на вечната листа се израмни со Новак Ѓоковиќ. Зад овие двајца е Роџер Федерер со 26 трофеи.

Младиот Австриец кој го одигра своето прво мастерс финале во кариерата, му пружи достоен отпор на фаворизираниот Шпанец. Особено Тим беше конкурентен во првиот сет кој траеше еден час и 19 минути. Надал го доби сетот во тај-брејк со 10:8.

Во вториот сет, Тим успеа да го освои сервисот на противникот кога Ндал сервираше за меч, но потоа не успеа да избори трет сет.

Мастерсот во Мадрид се играше за награден фонд од 5,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…