Дома Фудбал Икарди: Чест е да се игра за ПСЖ, ќе направам се за да останам!

Икарди: Чест е да се игра за ПСЖ, ќе направам се за да останам!

Мауро Икарди ова лето пристигна во ПСЖ на позајмица од редовите на Интер до крајот на сезоната, но тој би сакал да остане во Париз на перманентна основа.

Напаѓачот изјави дека е спремен на се за да го убеди раководството на ПСЖ да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

„Ќе сторам се за да останам во ПСЖ. Морам да се тестирам на теренот. Имавме добар октомври, но сепак треба да се стори многу. Треба да продолжам да покажувам што можам во наредните месеци. На крајот на сезоната ќе дознаеме дали ќе останам. Сакам да се докажам добро, затоа дојдов тука. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот, играњето за овој клуб е голема чест“, изјави Икарди.

Аргентинец одлично се вклопи во ПСЖ и оваа сезона одигра осум натпревари на кои постигна седум гола со една асистенција.

ПСЖ има опција на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мак Алистер сака да остане, но Ливерпул засега нема план за нов договор

Аргентинецот откри дека минатата сезона добил порака оти не се планира продолжување на сор…