Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис му нареди на тимот да биде во карантин до недела, пренесуваат италијанските медиуми.
Причината за тоа се разочарувачките резултати во последно време. Трите меча без победа и поразот од Рома ја прелеаа чашата, па играчите ќе бидат во казнен карантин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тимот ќе биде во карантин до недела сабајле, кога некои од играчите ќе заминат со своите репрезентации. Карантинот не е казна, туку можност фудбалерите да се сконцентрираат подобро, но и да се запознаат подобро“, изјави Де Лаурентис.
Тренерот Карло Анчелоти пак призна дека не е согласен со мерката која ја донел лично претседателот.
„Ако ме прашувате што мислам, ќе ви кажам дека не се согласувам со тоа. Меѓутоа, тренерот треба да биде тренер, тоа се одлуки кои ги носи клубот“, истакна Анчелоти.