Првиот човек на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини стана нов член на Комисијата на Национални асоцијации на УЕФА.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за тело на УЕФА кое одлучува за важни прашања во европскиот фудбал и ги регулира односите помеѓу Асоцијациите членки на УЕФА и Европската куќа на фудбалот.
Ваквото вклучување на Сејдини во едно важно тело на УЕФА значи и потврда за добрата соработка која ја има Македонската фудбалска федерација со европската фудбалска заедница.
Претседателот на Комисијата за Национални асоцијации е Сервет Јадимчи, претседател на Турската фудбалска асоцијација. Оваа комисија е составена од 15 члена.