Десниот бек на Манчестер Сити, Пабло Забалета ќе го напушти клубот ова лето по долги девет години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот во август 2008. година од Еспањол дојде во редовите на „Граѓаните“ и до сега има 322 настапи за првиот тим.
Во моментов, само Џо Харт, кој е на позајмица во Торино, и Висент Компани одиграа повеќе натпревари за Манчестер Сити од 32-годишниот играч.
„Нормално дека не станувам помлад, сега доаѓаат играчи и тоа е нормална работа што мора да ја прифатите. Особено во клуб каков што е Сити, кој секогаш има големи очекувања“, изјави Аргентинецот за „Sport 360“.
Забалета во синиот дрес овои две Премиер лиги, ФА Куп и два Лига Купови.