Дома Фудбал Англија Видео: Нов пораз на Манчестер Јунајтед

Видео: Нов пораз на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно им се вратија на поразите откако попладнево загубија на гостувањето кај Борнмут со 1:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Избраниците на Солскјер повторно ги разочараа своите навивачи и го запишаа четвртиот пораз од стартот на сезоната.

„Црвените ѓаволи“ предводени од Рашфорд и Марсијал ја контролираа играта во првото полувреме, но не успеаа да создадат сериозна шанса за гол.

Борнмут одлично функционираше, не им оставаше многу простор на противниците, а во финишот на првиот дел Џошуа Кинг го матираше Де Геа.

Во вториот дел Јунајтед постојано напаѓаше, а единствената зрела шанса ја имаше дури во 83-та минута, но Гринвуд не успеа да ја смести топката во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Лионел Меси ги брои деновите до почетокот на новото Светско првенство, каде што со репрезе…