Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба бил многу блиску до преселба во ПСЖ во летниот преоден рок.
Во текот на целото лето Погба беше главна трансфер тема, откако најави дека би можел да замине од Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, „ѓаволите“ не потклекнаа под притисокот и одбија неколку понуди кои стигнаа на нивна адреса за францускиот репрезентативец.
Погба цело време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но сега е откриено дека најблиску до неговиот потпис всушност бил Пари Сент Жермен.
„Светците“ наводно се согласиле во последните денови од преодниот рок да ја платат бараната сума на Јунајтед, но трансферот не се реализирал бидејќи менаџерот Мино Раиола бил многу зафатен во тој момент и договорот не можел да се финализира на време.