Светската куќа на фудбалот го објави списокот на прекршоци кои ги направил англискиот гигант Челзи, поради кои доби забрана за трансфери.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, „сините“ дури 150 пати ги прекршиле правилата при трансферите на младите фудбалери за што заработија казна од ФИФА.
Челзи поднесе жалба и својата одбрана ја темели на тоа дека сите нерегистрирани членови на академијата биле само на проба, вклучувајќи и еден играч кој во три сезони одиграл дури 75 натпревари.
Очекувано, барањето на Челзи беше одбиено и казната останува на сила, „сините“ до идното лето не смеат да купуваат фудбалери, а притоа треба да платат казна од 600.000 швајцарски франци.
Од споменатите 150 прекршоци 27 вклучувало носење на малолетни играчи од странство, што е против законски, а има и 123 случаеви во кои директно е прекршен правилникот на ФИФА. Правилникот вели дека клубовите кои се од членките на ЕУ во никој случај не смеат да потпишуваат било какви договори со играчи помлади од 16 години, а на интернационално ниво, тоа важи за играчи помлади од 18 години.
Chelsea broke Fifa’s rules 150 times https://t.co/wmXBsX1CvE
— Clive Petty (@ceepee01) November 1, 2019