Дома Останати Првиот човек на УФЦ најави спектакл: Се договраат деталите за таа борба

Првиот човек на УФЦ најави спектакл: Се договраат деталите за таа борба

Претседателот на УФЦ Дајна Вајт зборуваше за наредниот ривал на Кабиб Нурмагомедов и во таа прилика најави спектакл.

Светската ММА публика веќе неколку недели очекува потврда за борба помеѓу Тони Фергусон и Кабиб Нурмагомедов и таа борба изгледа ќе се случи на почетокот на 2020 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ја договараме таа борба и очигледно е дека тој ќе биде противникот на Кабиб. Само треба да ги договориме деталите. На почетокот на 2020 година би требало да се случи таа борба“, изјави Вајт.

Ќе потсетиме Кабиб во својата последна борба во Абу Даби го победи Дастин Пориер. Офд друга страна Фергусон не се борел од почетокот на јуни кога го во Чикаго победи против Доналд Серон. Кабиб во кариерата има скор од 28:0, додека Фергусон е со скор 25:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Детали за борбата на Мајк Тајсон и Џејк Пол

Majк Тајсон, еден од најдобрите боксери на сите времиња по пауза од 19 години ќе ја има пр…