Дома Фудбал Италија Мота за судењето против Јувентус: Судијата на некои малку им угоди

Мота за судењето против Јувентус: Судијата на некои малку им угоди

Јувентус се намачи за победа против Џенова на својот стадион во десеттото коло од Серија А. Натпреварот заврши со 2:1, а голот за победа го постигна Роналдо во 96-тата минута од пенал.

Роналдо во една од последните акции падна во шеснаесетникот на гостите, а судијата Антонио Гуида без проверка на ВАР покажа на белата точка.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Џенова, Тијаго Мота после натпреварот изјави дека бил горд на своите играчи.

„Морам да ги пофалам своите играчи за добар настап против екипа која е помеѓу најсилните, не само во Италија, туку и во светот. Докажавме дека можеме да се надигруваме со нив. Не можевме само да се браниме после црвениот картон, моравме да продолжиме да играме“, изјави Мота.

Гуида претходно го исклучи Касато поради втор жолт картон. Во таа ситуација многумина ќе кажат дека Касато не заслужи да биде исклучен.

Освен тоа сомнителна беше ситуацијатак ога Даниеле Ругани откако доби жолт картон направи уште еден жесток фаул, но не беше исклучен.

„Втор жолт картон за Ругани? Ќе ве оставам вие да пресудите. Ќе кажам само дека судијата на некои малку им угоди. Се враќаме дома знаејќи дека дадовме се од себе“, заврши поранешниот италијански репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој и…