Дома Фудбал Англија Мурињо сака слава со трет клуб од Премиер лигата

Мурињо сака слава со трет клуб од Премиер лигата

Жозе Мурињо сака да стане првиот менаџер кој освоил значајни титули со три различни клубови од Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според англиските медиуми тоа е основната причина поради која Португалецот се уште не се враќа на тренерската работа.

Имено, „Специјалниот“ чека понуда од Премиер лигата бидејќи сака да биде блиску до неговото семејство кое живее во Лондон.

Пред извесно време се твдеше дека Тотенхем е потенцијална варијанта, но сега се појавија информации дека Арсенал може да бара нов тренер после слабите резултати на тимот.

Мурињо веќе одби неколку понуди за работа во последните 10 месеци, бидејќи смета дека не се пропорционални на неговите амбиции.

Мурињо чека понуда од Премиер лигата и само евентуално враќање во Реал Мадрид може да го натера да го напушти Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Експлозија во Милано, Златан во центарот на хаосот: Алегри на излез по конфликтот со Ибрахимовиќ, навивачите протестираат!

Големиот италијански Милан се соочува со предизвикувачки период. Резултатите повторно изос…