Јувентус веќе неколку години доминира во италијанскиот фудбал, но главна цел на „старата дама“ е конечно да ја покори Европа.
Со доаѓањето на Кристиано Роналдо, клубот доби големи комерцијални придобивки, но е свесен дека Португалецот е во поодминати години, па веќе му бара наследник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските меидуми пренесоа дека „бјанконерите“ издвоиле буџет од 300 милиони евра за нова мега-ѕвезда, а последното име на списокот е Мохамед Салах.
Скаутите на „старата дама“ со посебно внимание го следеа настапот на Салах во дербито против Тотенхем. Египќанецот има искуство во Серија А па во Јувентус веруваат дека идеално ќе се вклопи во нивниот клуб.
Салах со Ливерпул има договор до 2023 година и „црвените“ сигурно нема да сакаат да се откажат од него, а во случај да се согласат тоа сигурно нема да биде помалку од 200 милиони евра.