Дома Фудбал Англија Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул ќе биде без дефанзивецот Жоел Матип во наредните шест недели, соопштија англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Матип има проблем со коленото, што се покажа поголем од очекуваното. Тој во последните пет меча играше само во дербито со Манчестер Јунајтед, но сега повторно ќе мора да се рехабилитира.

Матип дури беше дел и од последниот тренинг на „црвените“, но после тоа почуствувал болка во коленото, па последните инфомации се дека ќе отсуствува цели шест недели.

Тоа значи дека дефанзивецот ќе пропушти цели 10 меча, вклучително и дербито со Манчестер Сити, како и сите останати дуели од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со а…