Дома Фудбал Италија Марота најави добри вести за навивачите на Интер: Спремни сме да ја искористиме секоја прилика

Марота најави добри вести за навивачите на Интер: Спремни сме да ја искористиме секоја прилика

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота најави дека „нероаѕурите“ ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок.

Во текот на летото Интер значително го засили својот тим со цел да се врати во самиот врв на италијанскиот фудбал, а во клубот немаат намера да застанат тука. Бепе Марота сега потврди дека Антонио Конте ќе ги добие засилувањата кои му се потребни во јануарскиот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Знаеме дека ситуацијата е алармантна, но на зимскиот пазар гледаме со оптмизам. Спремни сме да ја искористиме секоја прилика и да ги исполниме своите амбиции. Сакаме да го обликуваме тимот на работна етика, чуства на припадност и со вредностите кои сака да ги види Конте“, изјави Марота.

Повредите на некои од клучните фудбалери значително му ја отежнаа работата на Конте на стартот од сезоната, но и покрај тоа Интер се наоѓа на второто место со само еден бод помалку во однос на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…