Дома Фудбал Во Ла Лига не се консултирале со Барса: „Ел Класико“ може повторно да се одложи?!

Во Ла Лига не се консултирале со Барса: „Ел Класико“ може повторно да се одложи?!

Изминатиот викенд требаше да се игра еден од најголемите натпревари помеѓу Барселона и Реал Мадрид, но тој на крајот беше одложен.

Барса на 26-ти октомври на својот стадион требаше да ги пречека „кралевите“, но Ла Лига одлучи тој натпревар да го одложи од безбедносни причини. Имено, во Барселона се во тек протести поради пресудите за каталонските политичари и челниците на Ла Лига сметаа дека не е паметно да се игра „Ел Класико“ во вакви услови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлучено е овој натпревар да се одигра на 18-ти декември во вечерен термин, на тоа се согласија и клубовите. Но шпанските медиуми пренесуваат во Барселона не сакале да се одложи натпреварот.

Наводно, Ла Лига тоа го направила без консултација со Каталонците, а на крајот на Барселона и останало само да даде согласност. Од Барса порачале дека 18-ти декември може да биде уште по ризичен датум од 26-ти октомври.

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау смета дека во тоа време се очекува да биде врвот на протестите во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …