Марио Манџукиќ констатно се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а сега се појави изненадувачка информација.
На искусниот напаѓач договорот со „старата дама“ му истекува 2021 година, меѓутоа тој не е во плановите на тренерот Маурицио Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговите услуги се споменуваа Наполи и Манчестер Јунајтед, а во трката неодамна се вклучила и Севиља.
Јулиен Лопетеги ова лето ги доведе Хавиер Ернандез, Рони Лопез и Лук Де Јонг, но 33 годишниот напаѓач би можел дополнително да ја засили конкуренцијата во нападот.
Директорот на Јувентус Фабио Партичи потврди дека понуди за Манџукиќ притистигнале и дека тој најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Манџукиќ во кариерата настапуваше во шпанската Примера, а во сезоната 2014/2015 го носеше дресот на Атлетико Мадрид за кој постигна 12 голови.