Дома Топ вести Манчестер Јунајтед руши трансфер рекорд за Санчо

Манчестер Јунајтед руши трансфер рекорд за Санчо

Манчестер Јунајтед е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал – Џејсон Санчо, тврдат медиумите на Островот.

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната, па сигурно ќе има големи промени во тимот во јануари, а Солскјер сака да биде засилен нападот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Мирор“ тврди дека најголема желба на „црвените ѓаволи“ е Џејдон Санчо и клубот е спремен да ја плати сумата која за неговиот потпис ја бара Борусија Дортмунд.

19-годишниот талент игра фантастично во Бундеслигата, а „милионерите“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.

Санчо е продукт на школата на Манчестер Сити, но „граѓаните“ лесно се откажаа од него и го продадоа за 9 милиони фунти, а Јунајтед ќе направи се за да го врати во Премиер лигата.

Јунајтед се брза што поскоро да го договори трансферот, а причина за тоа е големата конкренција, бидејќи за Санчо интерес покажуваат уште Ливерпул и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…