Дома Фудбал Италија Пандев: Не е важен мојот гол, важно е да победуваме!

Пандев: Не е важен мојот гол, важно е да победуваме!

Синоќа Џенова ја победи Бреша со 3:1, а стрелец на третиот гол за домаќините беше нашиот капитен Горан Пандев.

Пандев со еден мајсторски удар го совлада голманот на Бреша и стави точка на победата на Џенова која од клупата беше предводена од поранешниот соиграч на Пандев од Интер, Тиаго Мота.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Конечно, победивме. Долго време чекавме да се израдуваме и сега сме навистина среќни. Во првото полувреме бевме плашливи, но потоа покажавме дека има квалитет во овој тим. Среќен сум и за Тијаго Мота. Тој е одличен пријател, голем човек, му посакувам да има голема тренерска кариера. Мојата улога не е важна, важно е да играме добро“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најсилните фудбалери во Премиер лигата добил забрана од тренерот да дига тегови

Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, воведе необично правило за своето ново засилува…