Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа постигна три гола против Бриж во Лигата на шампиони и со тоа го сруши рекордот на Лионел Меси.
Мбапе после натпреварот истакна дека целосно опоравен од повредата и дека е во одлична форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакав да играм уште од првата минута. Мислев дека ќе биде така, но тренерот го направи својот избор, а јас тоа морам да го почитувам. Сакав да покажам дека без мене на тимот ќе му биде многу потешко, отколку со мене. Останатите направија добра работа во мое отсуство, но морам да се борам за место во првиот тим“.
„Поминаа два месеца откако го одиграв последниот целосен натпревар. Секогаш е убаво да се вратите на терените. Сакам да играм на секој натпревар, да постигнувам голови. Повредата е веќе минато, таа е целосно залечена“, изјави Мбапе.
Французинот постигна три гола и запиша асистенција, иако на средбата влезе како замена во 52-та минута.