Антонио Конте и неговите фудбалери во вчерашниот натпревар против ВБА ја обезбедија титулата во Англија.
Многу среќен после натпреварот беше Цеск Фабрегас. За Шпанецот ова е втора титула со екипата од „Стенфрод Бриџ“ откако дојде од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фабрегас имаше и пофални зборови за Белгиецот Батшуаи, кој го постигна единствениот гол на натпреварот.
„Тоа е убавината на фудбалот. Тој не играше многу оваа сезона и сите го сметаа за играч кој не е многу важен, но токму тој на крајот го постигна голот кој ни ја донесе титулата. Фудбалот е заебан, но неверојатен”, изјави Фабрегас.
Шпанецот оваа сезона не играше колку и што очекуваше, па поради тоа медиуми многу шпекулираа за негово заминување, но освоената титула би можела да ги промени работите.