Дома Фудбал Италија Евроголот Наинголан го посвети на сопругата која боледува од рак (ВИДЕО)

Евроголот Наинголан го посвети на сопругата која боледува од рак (ВИДЕО)

Фудбалерите на Каљари вчера на свој терен го победија СПАЛ со 2:0 во натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А.

Каљари до предност стигна уште во деветата минута кога спектакуларен гол постигна Раџа Наинголан. Многумина очекуваат овој гол на Наинголан да влезе во потесна конкуренција за најдобар во сезоната.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


После натпреварот Белгиецот беше емотивен и изјави дека својот гол го посветува на сопругата Клаудија која веќе некое време се бори со ракот.

„Овој гол е за мојата сопруга Клаудија, ова е посебен момент само за неа“, изјави Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Марка“ жестоко удри по асот на Реал Мадрид: Ако некој го најде, нека му јави на Анчелоти

Реал загуби со 3:0 од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионит…