Дали Ибрахимовиќ ќе се врати во Серија А е една од главните теми во медиумите на Апенините овие денови.
Ибрахимовиќ добар дел од својата кариера помина играјќи за најголемите три италијански клуба, Јувентус, Милан и Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните денови Бока Јуниорс се споменуваше како негова можна наредна дестинација, но разговорот со медиумите во кој Ибра изјави дека би се вратил во Серија А крена голема прашина.
Швеѓанецот ја спомена Болоња поради Синиша Михајловиќ, Наполи поради Анчелоти и Интер каде што веќе играше.
Можното враќање во Интер сега го прокоментира и Антонио Касано кој во Милано ја делеше соблекувалната со Ибра.
„Ибрахимовиќ во Интер? Со Конте би се степал после минута ипол. Веројатно после првата прес конференција“, изјави Касано во емисијата „Тика-така“.
Ибрахимовиќ додаде дека и на 38 години би бил подобар од голем дел фудбалери кои играат во Серија А, како и дека без проблем ќе постигне 20 или повеќе голови во сезоната. Дресот на Интер Ибра го носеше од 2006 до 2009 година.