Дома Фудбал Англија Солскјер најави две засилувања во јануари

Солскјер најави две засилувања во јануари

Манчестер Јунајтед има потреба од засилувања уште во јануари доколку не сакаат да останат и следната сезона без ЛШ.

Засилувања во јануарскиот преоден рок најави и менаџерот Оле Гунар Солскјер кој во последно време не може да се пофали со добри резултати.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Норвешкиот стручњак вели дека клубот има пари и очекува доаѓање на најмалку двајца нови играчи.

„Преодниот рок во јануари е секогаш комплициран, но ако има достапни играчи за вистинска цена сигурно дека ќе бидеме спремни.“ – изјави Солскјер за Скај Спорт.

„Постојат искусни играчи кои би требало да им помогнат на нашите млади и вреди да се донесат. Бараме двајца играчи и пари имаме.“ – додаде Норвежанецот.

Јунајтед моментално е 12. екипа во ПЛ со само девет освоени бода. Оваа сезона запишани се само два триумфи во првенството, последниот пред повеќе од месец дена.

Во викендот што следува во најголемото англиско дерби Јунајтед ќе го пречека Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чаби Алонсо песимист: “Мораме да бидеме реални…”

Баер Леверкузен ги изненади своите навивачи во недела, откако одигра само 1:1 против Санкт…