Дома Трансфер зона Мончи започнува, во Рим пристигнува дефанзивецот на Баерн?

Мончи започнува, во Рим пристигнува дефанзивецот на Баерн?

Рома го постави Мончи за нов спортски директор, а тој веќе активно работи на нови трансфери.

На репрезентативецот на Германија и фудбалер на Баерн, Жером Боатенг, договорот со германскиот клуб му истекува во летото 2018 година и голема е веројатноста истиот да не биде продолжен.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од доаѓањето на Карло Анчелоти Боатенг падна во втор план и оваа сезона во Бундеслигата одигра само 11 натпревари.

За играч од таков калибар тоа сигурно не е доволно, па доколку на крајот од сезоната не добие гаранција од италијанскиот тренер дека ќе добива поголема минутажа би можел да си замине.

Целата ситуација будно ја следи Мончи, кој во Боатенг гледа идеална замена за Антонио Рудигер или Костас Манолас со оглед на тоа дека еден од нив двајца сигурно заминува од Рим ова лето.

Поволна околност за Рома е што Боатенг влегува во својата последна година од договорот германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…