Хашим Мастур некогаш важеше за еден од најталентираните играчи во Европа, а во 2012 година доби договор со Милан и многу веруваа дека се раѓа нов ѕвезда на европскиот и светски фудбал.
Мастур своите магични потези ги снимаше и ги објавуваше на Јутуб и преку ноќ стана голема ѕвезда. Меѓутоа во Милан никогаш не успеа да ги оправда големите очекувања. „Росонерите“ минатото лето не сакаа да му го продолжат договорот и како слободен играч го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако си замина од „Сан Сиро“ за неговите услуги скоро никој да не беше заинтересиран. Сепак Мастур на крајот се пресели во Грција и потпиша за ПАС Ламиа, но веднаш започна со скандали.
Клубот објави дека исчезнал и дека не се појавувал на тренинзите поради што на почетокот на оваа година го напушти клубот. Веќе со месеци е без клуб, но изгледа дека конечно се најде некој кој покажа интерес.
Имено италијанските медиуми пренесуваат дека Мастур е пред потпис со Реџина која се натпреварува Серија Ц. 20 годишниот фудбалер би требало да стави потпис на договор до 2022 година.
Во текот на последниот летен преоден рок Мастур беше на проба во Парма, меѓутоа не ги воодушви „млекарите“ и не му беше понуден договор. Некогаш Мастур беше дел и од младинските селекции на Италија.
Не е дека нема шанси да се врати на добрите патеки по кој тргна во тинејџрските денови. Има само 20 години и сигурно дека се уште има време, а дали ќе го искористи останува да видиме.