Дома Актуелно Баерн го склопува тимот, продава дефанзивец, а се засилува од Париз!

Баерн го склопува тимот, продава дефанзивец, а се засилува од Париз!

Екипата на Баерн полека започна да го склопува тимот за наредната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн Минхен потврди дека Бадштубер и официјално ќе ја напушти „Алијанц Арената“ на крајот од сезона. Дефанзивецот целата своја кариера ја помина во Минхен, додека во текот на зимскиот преоден рок премина на позајмица во Шалке.

Сепак, клубот од Гелзенкирхен нема да го продолжи договорот со дефанзивецот, па така тој ќе мора да бара некој нов ангажман.

„На крајот од сезоната ќе му посакаме многу среќа на Холгер Бадштубер во иднина. Му се заблагодаруваме на верноста и за се што направи за нашиот клуб во последните 15 години“, изјави Карл – Хајнц Румениге.

Истовремено германски „Билд” пренесува информација дека Баерн е сериозно заинтересиран за играчот од средината на ПСЖ, Адриен Рабиот.

Наводно, скаутите на Баерн веќе некое време го следат неговиот развој и сметаат дека токму сега е вистинскиот момент да го доведат овој 22 годишен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…