Дома Фудбал Лига на шампиони Еве кои ќе бидат главните судии во финалињата од ЛШ и ЛЕ

Еве кои ќе бидат главните судии во финалињата од ЛШ и ЛЕ

Германскиот судија, Феликс Брих ќе го суди финалето во Лигата на Шампионите помеѓу Јувентус и Реал Мадрид, официјално објави УЕФА.

Брих, кој оваа сезона судеше пет натпревари во Лигата на Шампионите ја освои довербата на УЕФА пред Милорад Мажиќ, кој беше еден од главните кандидати за судењето во финалето.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Додека пак, главниот судија во второто по ред натпреварување во Европа, односно Лигата на Европа ќе биде Словенецот, Дамир Скомина.

Милорад Мажиќ ќе биде еден од актерите во големото финале од ЛШ, и тоа како четвртиот судија, а на Брих уште ќе му помагаат сонародниците Марк Борш, Стефан Луп, Бастијан Данкерт и Марко Фирц.

Финалето од Лигата на Шампионите ќе се одигра на 3. јуни во Кардиф, додека финалето од Лигата на Европа на 24. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…