Дома Фудбал Репрезентации Храбриот Сенегал ремизираше со Бразил (ВИДЕО)

Храбриот Сенегал ремизираше со Бразил (ВИДЕО)

Сенегал и Бразил ремизираа, африканската селекција прикажа одлична игра посебно во првото полувреме.

Во пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Сенегал во Сингапур денес немаше победник.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кариоките“ поведоа во деветата минута кога Габриел Хесус и Роберто Фирмино одлично соработуваа, а напаѓачот на Ливерпул во манири на голем стрелец ја затресе мрежата.

Не се предаде Сенегал во тие моменти, дури тргна и по офанзивно и таквиот пристап им се исплатеше.

Мане повлече топка во казнетиот простор, па судијата немаше друг избор освен да покаже на белата точка.

Сигурен од белата точка беше Фамара Диду во првата минута од продолжението.

Следеше нешто подобра на избраниците на Тите во второто полувреме, меѓутоа Бразилците не успеаа таквата игра да ја искористат за да постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер Мајами прави клучен чекор во задржувањето на Меси!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами води сериозни преговори со Атлетико Мадрид за трансферот на …