Дома Трансфер зона Нов кандидат за клупата на Интер: „Нероаѕурите“ му нудат богатство!

Нов кандидат за клупата на Интер: „Нероаѕурите“ му нудат богатство!

Продолжува лецитацијата за нов тренер на Интер, а последно име кое се поврзува со клупата на „нероаѕурите“ е актуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Интер му врачи отказ на Стефано Пило на три кола пред крајот на првенството, бидејќи тимот освои само два бода во последните десет кола.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи тренерот на младинците, Стефано Веки, а „нероаѕурите“ веќе се во потрага по големо тренерско име за следната сезона.

Веќе неколку месеци се најавува дека тоа може да биде Диего Симеоне, кој е најголема желба на раководството, а се споменуваат и имињата на Антонио Конте и Лучијано Спалети.

Последно име кое се поврзува со клупата на „нероаѕурите“ е Маурисио Покетино, кој бележи феноменално резултати со Тотенхем.

Медиумите тврдат дека Интер веќе стапил во контакт со аргентинскиот стратег и му понудил двојно поголема плата од онаа која ја заработува на „Вајт Харт Лејн“.

Останува да видиме каква ќе биде одлуката на Покетино, но тешко е да се поверува дека ќе одлучи да го напушти Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ ја купува ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на многу европски гиганти, а…