Дома Македонски спорт Елмас во топ 10 фудбалери на кои најмногу им се зголемила цената во Серија А (ФОТО)

Елмас во топ 10 фудбалери на кои најмногу им се зголемила цената во Серија А (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас минатото лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи.

Наполи го купи Елмас за 16 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Цената на Елмас на стартот од првенството според „Трансфермаркт“ изнесуваше еден помалку милион помалку (15). Сега според обновената листа  Елмас се најде помеѓу десетте фудбалери на кои цената најмногу им се зголемила.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нашиот репрезентативец вреди седум милиони повеќе (22) и со тоа зголемување се најде на седмата позиција.

На листата се најдоа уште двајца соиграчи на Елмас, Руиз (зголемување 10 милиони евра) и Ди Лоренцо (зголемување 6 милиони евра). Лидер во овој сегмент е засилувањето на Интер кој се покажа како полн погодок, Сенси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…