Дома Актуелно Барса мора да продава, иднинанта на клубот зависи од двајца

Барса мора да продава, иднинанта на клубот зависи од двајца

Според сознанијата на ЕСПН, Барселона би можела да се најде во голем проблем следното лето.

Имено, Каталонците мораат да заработаат 125 милиони евра на продажба на играчи за да не ја загрозат финансиската стабилност и да избегнат истрага за финансиски фер-плеј. Првите двајца кои би можеле да ја „решат“ оваа ситуација се Кутињо и Ракитиќ. Бразилецот игра на позајмица во Баерн кој за сега е задоволен и би сакал да го купат целосно доколку продолжи вака.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фиксната клаузула за откуп изнесува 120 милиони евра, што практично би било доволно Барса да го тргне прашањето за финансиите од маса. За Ракитиќ минатото лето беа заинтересирани неколку клубови, но Хрватот ја одби можноста да се пресели во ПСЖ, Интер или Јувентус. Излгеда дека на крајот од сезоната сепак ќе мора да бира…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…