Дома Топ вести Реал Мадрид и Сити спремаат спектакуларна трампа

Реал Мадрид и Сити спремаат спектакуларна трампа

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, пренесуваат шпанските медиуми.

Бразилецот е незадоволен од својот статус на „Етихад“ и јавно изјави дека сака да игра повеќе, бидејќи после цели три години се уште не може да се избори за првотимски статус.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Зинедин Зидан во него гледа идеално засилување во нападот, па ќе се обиде да го донесе следното лето во својот тим.

Цената на Габриел Жезус во моментов изнесува 100 милиони евра, па Реал е спремен да го жртвува Герет Бејл за да го финансира неговиот трансфер.

Шпанските медиуми пренесуваат дека не е исклучена и трампа со Иско, за кого Гвардиола покажува интерес веќе подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…