Италијанскиот репрезентативец Марко Верати е мета на многу европски гиганти, но тој наскоро ќе ја продолжи верноста со Пари Сент Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Француските медиуми пренесуваат дека Верати наскоро ќе стави потпис со ПСЖ до 2024 година и според него ќе заработува 11 милиони евра по сезона.
26-годишниот Верати веќе седум години е член на Пари Сент Жермен и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
Пред две години Барселона и Јувентус беа силно заинтересирани за неговиот потпис, но сепак остана во ПСЖ и го продолжи договорот.
Сега „светците“ му нудат нов договор, со подобри финансиски услови, а Италијанецот се согласил да стави потпис и да ја продолжи верноста со клубот.