Англиската фудбалска легенда, Ноел Велан често пати го критикуваше нашиот Алиоски за настапите во Чемпионшип.
Редовно скоро секоја недела тој наоѓаше замерки, меѓутоа после натпреварот против ВБА во кој Алиоски постигна гол за победа Велан одлучи да признае дека Џани го „победил“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Лидс се поделени, некои имаат критики за Џани, а дел се воодушевени. Најважно за македонскиот фудбалер е што ја има довербата од Марсело Биелса.
Пред натпреварот со ВБА Велан објави прогноза во која тврдеше дека Алиоски ќе биде на клупата. Сепак, Биелса го стави во првиот тим и не згреши.
„Џани ме победи! Треба да работи уште на играта во одбрана и позиционирањето бидејќи лесно паѓа и знае да би невниматален. Но затоа во нападот е фантастичен. Бери Даглас е подобар во одбраната, но Алиоски е многу подобар во нападот. Очигледно е стилот на Биелса е таков што Алиоски треба да добива предност. Биелса сака бековите да излегуваат високо и да играат нешто како крила, а Алиоски за такво нешто е идеален – може и да дава голови и да асистира“, изјави Велан.
Биелса почна Алиоски да го користи како лев бек минатата сезона кога имаше проблеми со дефанзивата.