Дома Останати Во финалето на СП го повлече противникот: Ова е грабеж! (ВИДЕО)

Во финалето на СП го повлече противникот: Ова е грабеж! (ВИДЕО)

Oрландо Ортега остана без медал на 110 метри со пречки на Светското првенство.

Шпанскиот атлетичар за рака пред целта беше повлечен од Јамајканецот, Омар Меклеод.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Ова е грабеж“, повторуваше 28 годишниот Ортега кој беше на добар пат да освои медал додека актуелниот олимписки победник не го фати и успори.

Јамајканецот и сам беше на пат да се бори за медеал, но на прескокот на предпоследната пречка го фати противникот. На крајот беше дисквалификуван, но тоа е мала утеха за Ортега кој остана без медал.

„Разбирам дека може да се случи допир, но не можам да прифатам дека на ваков начин останав без медал. Цела година вложив во ова и не е прв пат да се случува нешто слично“, изјави Ортега, а Шпанците залудно бараа трката да се повторува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Страшен инцидент во Монте Карло, уништен болидот на Перез🎥

Само што стартуваше трката во Ф1 во Монте Карло за ГН на Монако се случи прекин  поради ст…